Медиумите од Бразил пренесуваат дека Челси со 60 милиони евра тргнува по ангажман на Жоао Педро од Брајтон, напаѓачот ги пропушта последните два натпревари од сезоната откако се степа на тренинг со соиграчот Ван Хеке.
„Сините“ планираат летоска да донесат нов напаѓач и како што пренесува Глобо Еспорте, веќе се водат сериозни преговори за ангажман на Жоао Педро од Брајтон.
Челси сака да го донесе напаѓачот во своите редови пред почетокот на Светското клупско првенство, и за таа цел подготвува понуда од 60 милиони евра.
Во моментов Жоао Педро е во немилост кај тренерот Фабијан Хирцелер откако пред две недели на тренинг се степал со соиграчот Ван Хеке.
Бразилецот како казна не беше селектиран за натпреварот против Ливерпул во понеделникот, а нема да биде во комбинација и за пресметката со Тотнем.