Челси се спаси, познато колку треба да му исплати на Росениор!

by 24 фудбал
1 минути читање

Челси успеа да избегне исплата од дури 24 милиони фунти по отказот на тренерот Лиам Росениор, благодарение на специјална клаузула во неговиот договор.

Росениор беше сменет по серијата од пет порази во Премиер лига без постигнат гол, а поразот од Брајтон со 3-0 беше пресуден. Тимот во тој момент се наоѓаше на осмото место и во сериозна резултатска криза.

Иако првично се шпекулираше дека клубот ќе треба да исплати огромна отштета поради договорот до 2032 година, англиските медиуми пренесуваат дека е активирана „брејк“ клаузула. Наместо 24 милиони, Росениор ќе добие околу четири милиони фунти.

Со тоа, Челси избегна сериозен финансиски удар и покрај раскинатата соработка дури шест години пред истекот на договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×