Челси сака да го врати тренерот на кого му исплати рекордно обесштетување кога го избрка

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Челси има луда идеја и сака да го ангажира Антонио Конте како нов тренер.

„Сините“ редовно ги менуваат тренерите во последните неколку години, Лијам Росениор оваа недела доби отказ по само три ипол месеци, иако доби договор дури до 2032 година.

Летоска ќе биде именуван нов предводник, а медиумите од Италија велат дека Челси има луда идеја – клубот од „Стемфорд Бриџ“ размислува за враќање на Антонио Конте.

Италијанскиот стратег седна на кормилото на Челси летото во 2016 и веднаш им донесе титула во Премиерлигата.

Во втората сезона донесе и трофеј во ФА Купот, но „сините“ финишираа како петти во Премиерлигата, останаа без настап во Лигата на шампиони, па Антонио Конте доби отказ, кој беше скапо платен.

Челси одвои преку 26 милиони фунти за компензација на тренерот и неговиот персонал, сума која е рекордна и до ден денес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×