Челси одреди висока цена за Николас Џексон, сметаат дека е фер

by bojan
1 минути читање

Николас Џексон нема иднина во Баерн Минхен, но се чини дека нема иднина и во Челси, напаѓачот ќе биде ставен на продажба за сума од 70 милиони евра.

Николас Џексон минатото лето беше инволвиран во бизарна трансфер зделка, пристигна во Минхен за да потпише со Баерн, па зделката му беше стопирана, за на крај да биде постигнат компромис и тој да заврши на „Алианц Арена“.

Но и покрај тоа што „баварците“ платија дури 16,5 милиони евра за позајмица, немаат намера да издвојат додатни 65 милиони евра за перманентен трансфер.

Па Николас Џексон повторно ќе се врати на „Стемфорд Бриџ“, и новиот тренер ќе одлучи за неговата иднина.

Но многу работи упатуваат на тоа дека тој ќе нема иднина и во Лондон, и ќе биде ставен на продажба, а како што пренесува Атлетик, сумата е прилично висока и цената е поставена на 70 милиони евра.

Јувентус и Милан во последно време се посочуваат како опции, но тешко дека двата клуба од Серија А можат да си дозволат ваква сума.

ФОТО: X/FC Bayern

Можно е и ова да ти се допаѓа

×