Челси не сака да биде уценуван, смета дека времето работи за нив при трансферите на Мeњан и Гитенс

by bojan
1 минути читање

„Сините“ денеска нема да притиснат за ангажман на Мајк Мењан од Милан и Џејми Бајно Гитенс од Борусија Дортмунд, клубот од „Стемфорд Бриџ“ не сака да биде уценуван и смета дека времето работи за нив.

Ова лето е специфично кога се во прашање трансфер пазарот, поради новото Светско клупско првенство, преодниот рок привремено се отвори на 1. јуни и ќе затвори денеска.

Па клубовите кои ќе настапат на новото богато натпреварување, побрзаа да донесат некое засилување.

Челси се обиде да ангажира нов голман и ново лево крило, но запнаа преговорите со Милан, односно со Борусија Дортмунд.

За услугите на Мајк Мењан прво беа понудени 15 милиони евра, за вториот предлог да изнесува 21 милион евра, но „росонерите“ ги одбија и двата.

Во случајот на Џејми Бајно Гитенс, првата понуда беше над 30 милиони евра, додека пак втората изнесуваше околу 50 милиони евра, недоволно за реализација на зделката.

Милан за голманот бара околу 24-25 милиони евра, додека пак Борусија Дортмунд постави цена од 65 милиони евра за офанзивецот.

Челси не сака да биде уценуван, па се повлече од двете зделки. „Сините“ сметаат дека времето работи за нив, и во следните месеци ќе можат да ги купат играчите по поповолни услови.

Договорот на Мајк Мењан истекува во јуни 2026, и Милан ќе мора да попушти. Што се однесува до Џејми Бајно Гитенс, „милионерите“ ќе го продаваат Англичанецот за да ги балансираат сметките, па Челси и тука очекува попуст како ќе одминува времето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани