Челси може да испише историја во европскиот фудбал: Вакво нешто не му успеало на ниту еден друг клуб

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Челси на 28 мај во Вроцлав ќе имаат ретка можност да испишат нова страница во историјата на европскиот фудбал.

Тимот од Лондон ќе се соочи со Бетис во финалето на Конференциската лига, а победа во овој натпревар би значела дека Челси станува првиот клуб што ги има освоено сите трофеи под капата на УЕФА.

Да потсетиме, „сините“ двапати триумфираа во Лигата на шампионите (2012 и 2021), исто толку пати во Лигата на Европа (2013 и 2019), двапати во поранешниот Куп на победници на купови (1971 и 1998), како и во Суперкупот на УЕФА (1998 и 2021). Сега им недостасува само трофејот од најновото и трето по ранг европско натпреварување, Конференциската лига, која се одржува по четврти пат.

Амбициите на Челси секако се поголеми, па така не е познато кога повторно ќе има можност да настапува во ова натпреварување, па затоа токму тоа може да биде посебен мотив за „сините“.

Фото: Chelsea FC/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани