Челси лесно се справи со Лос Анџелес, новото засилување запиша асистенција (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Челси ја опавда фаворитската улога и со победа го стартуваа настапот на Светското клупско првенство каде што беа подобри од Лос Анџелес ФК со 2-0.

Од самиот старт „сините“ имаа иницијатива, а резултатот беше отворен по половина час игра кога Педро Нето по еден одличен дриблинг ја затресе противничката мрежа. Тоа беше и единствениот погодок во првото полувреме.

Продолжи Челси со нападте и по водството, но и МЛС тимот на моменти знаеше да се закани. Сепак, сите дилеми околу победникот беа решени на десетина минути пред крајот кога новото засилување Лиам Делап асистираше на Енцо Фернандез за конечни 2-0.

Во следниот натпревар кој е на програмата за четири дена, Челси ќе се соочи со бразилскиот гигант Фламенго, додека Лос Анџелс ќе оди на средба со тимот на Есперанса Тунис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×