Челси им удри мерак на играчите од академијата на Манчестер Сити, со 60 милиони евра тргнува по Џејми Гитенс

by bojan
1 минути читање
Бајно Гитенс

„Сините“ се пред ангажман на Лиам Делап во зделка вредна околу 35 милиони евра, а тргнале и по потписот на Џејми Бајно Гитенс од Борусија Дортмунд, за кого се подготвени да одвојат околу 60 милиони евра.

Челси во 2023 го купи Скот Палмер од Манчестер Сити, а сега се пред ангажман на уште еден фудбалер кој има поврзаност со „граѓаните“ и потекнува од нивната академија.

Се очекува во следните денови да биде потврден трансферот на Лиам Делап, кој ќе пристигне од Ипсвич во зделка вредна околу 35 милиони евра.

Очигледно клубот од „Стемфорд Бриџ“ им удри мерак на играчите од академијата на Манчестер Сити, па меркаат уште еден кој има поврзаност со клубот од Етихад.

Медиумите од Англија пренесуваат дека Челси тргнал по потписот на Џејми Бајно Гитенс од Борусија Дортмунд.

20 годишниот фудбалер има цена од околу 60 милиони евра, и неговото пристигнување сигурно ќе значи крај на авантурата на Џејдон Санчо, кој ќе биде вратен на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани