Челси го „победи“ Јунајтед и договори напаѓач од тимот кој испадна од ПЛ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Челси го договори ангажманот на Лиам Делап од Ипсвич за 35 милиони евра, победувајќи ја конкуренцијата од Манчестер Јунајтед. Младиот англиски напаѓач (22) постигна 12 гола сезонава во Премиер лигата и беше меѓу најдобрите стрелци, иако Ипсвич испадна од лигата.

Делап веќе соработувал со тренерот Енцо Мареска во младинскиот тим на Манчестер Сити, а во Челси го привлече и шансата да игра во Лигата на шампионите нешто што Јунајтед не може да му го понуди следната сезона. Очекувањата се трансферот наскоро да биде официјализиран.

Од овој трансфер 30% ќе му припаднат на Манчестер Сити, па Ипсвич ќе добие околу 20 милиони евра за истиот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани