Чаби Алонсо има само 7 „недопирливи“ во Челси, секој друг може да замине за добра понуда

by bojan
1 минути читање

„Сините“ ова лето ќе започнат нов проект со Чаби Алонсо на клупата, се најавуваат големи промени во играчкиот кадар, стратегот има само седум „недопирливи“ фудбалери.

Челси е подготвува за живот под водство на уште еден нов тренер, па се очекува летото да биде прилично активно.

Како што пренесува Атлетик, Чаби Алонсо има само седум „недопирливи“ фудбалери, секој друг може да замине доколку пристигне примамлива понуда.

На овој список се Рис Џејмс, Кол Палмер, Моисес Каиседо, Леви Колвил, Естевао Вилијан, Жоао Педро и Џош Ачемпонг.

Отсуството на двајца од најискусните членови на тимот, Енцо Фернандез и Марк Кукуреља, од оваа листа покажува во каква насока би можеле да се движат нивните кариери ова лето.

Аргентинецот често се поврзува со Реал Мадрид и ПСЖ, додека пак Шпанецот е на листата со желби на Атлетико Мадрид и Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×