Откако не успеаа да се пласираат на Светското првенство, Италијаните ќе прават големи промени на клучните позиции.
Роберто Фабричини, в.д. претседателот на Италијанската фудбалска федерација потврди дека има четири кандидати за нов селектор и тоа: Антонио Конте, Карло Анчелоти, Клаудио Раниери и Роберто Манчини.
Џампјеро Вентура беше несреќно решение и доби отказ веднаш по дебаклот против Шведска. Да потсетиме Италија прв пат по 1958. година нема да игра на Светско првенство.
„Имињата се познати. Имаме четири кандидати. Роберто Мачини беше во Рим, но не го контактиравме со конкретна понуда. Антонио Конте праќа јасни сигнали како би се вратил на должноста селектор. Карло Анчелоти се уште е неодлучен, а секако туке е и Клауди Раниери. Никој нема предност, наскоро ќе процениме и ќе одлучиме кој ќе биде наследник на Вентура“, изјави Роберто Фабричини.