121
Саутемптон води грчевита битка за опстанок и секој бод им е важен, беа на добар пат да ги освојат и сите три против Челси, но имаа очајни осум минути во кои противникот го направи големиот пресврт.
Натпреварот почна одлично за Саутемптон, Тадиќ уште во 21. минута од натпревар донесе водство од 1-0, а во 60. Беднарек погоди за 2-0.
Веднаш потоа Антонио Конте ја направи клучната промена, го извади Мората а на негово место го стави Оливие Жиру.
Во 70. минута Жиру постигна гол и го врати Челси во игра, а пет минути подоцна Азар го изедначи резултатот на 2-2. Во 78. минута Жиру со својот втор гол ја донесе победата од 3-2.
Саутемптон со оваа победа останува во опасната зона, Челси е на петтата позиција на табелата.