112
Големо финале во ФА Купот, Жозе Мурињо против својот поранешен клуб, Челси.
Денеска во второто полуфинале на Вембли, Челси со 2-0 го победи Саутемптон со погодоци во вториот дел од мечот.
На самиот старт на второто полувреме Жиру постигна прекрасен гол, со еден потег легна тројца играчи на Саутемтпон и ја смести топката во мрежата за водство од 1-0.
Мечот го реши Мората по само две минути откако влезе во игра, постигна гол во 82. минута со глава за конечни 2-0.