72
„Дејли мејл“ денеска пишува дека Луис Енрике ќе биде наследникот на Антонио Конте на клупата на Челси.
Поранешниот тренер на Барселона е кандидат број еден за наследник на Антонио Конте кој веројатно ја има последната сезона со Челси.
Енрике кој го напушти Камп Ноу минатото лесто, е прв на листата на желби на Абрамович, на која уште се наоѓаат и Масимо Алегри и Диего Симеоне.
Доколку стане тренер на Челси, тоа ќе биде прво искуство за Луис Енрике во Премиерлигата.
Се очекува Конте да го води клубот до крајот на сезоната, а потоа или ќе добие отказ или ќе си поднесе оставка. Тој не се согласува со политиката за трансфери на клубот, а во минатото изјави дека му недостасува Италија.