75
Лез Ербие е
фудбалската сензација сезонава за која подолг период ќе се зборува,
нисколигашот од Франција кој може да испадне дури и во четвртата дивизија на
Франција уште во петок, синоќа му се спротистави на големиот ПСЖ во финалето од
францускиот Куп, каде сосема очекувано, загуби со 0-2.
Она што е
интересно, Лез Ербие се наоѓа во едно мало место во западниот дел на Франција
со број на жители кој е доста скромен, околу 15.000, па ако се погледнат
снимките од трибините на Стад де Франс од финалето, нема да погреши некој
доколку рече дека цел Лез Ербие беше да го бодри својот тим кој инаку игра на
стадион со капацитет од околу 5.000 гледачи.