„Специјалниот“
изминативе денови беше силно критикуван откако „Црвените Ѓаволи“ беа
елиминирани од Севиља во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Жозе Мурињо сега одговори
на овие напади, Португалецот на денешната прес конференција имаше монолог од 12
минути.
„Има фудбалско
наследство” – вели „Специјалниот“.
„Еве јас што наследив. Последен пат кога Манчестер јунајтед ја освои Лигата на
шампионтие беше во 2008”.
„Последен пат
финале играше во 2011, а потоа во 2012 испадна во групната фаза. Во 2013 беше
елиминиран на Олд Трафорд во осминафинале, јас бев на противничката клупа (како
тренер на Реал Мадрид)”.
„Во 2014, испадна
во четвртфиналето. Во 2015, немаше настап во Европа. Во 2016, се врати во
Европа но испадна уште во групната фаза од Лигата на шампионите. Потоа играше
во Лига Европа, но и таму доживеа елиминација“.
„Во 2017, играше
во Лига Европа, победи со мене на кормилото и се врати во Лигата на шампионите.
Во 2018, беше прв во групата со 15 бодови од можни 18, и загуби дома во
осминафиналето”.
„Па во седум
години со четири различни менаџери, еднаш не играше воопшто во Европа, два пати
испадна во групната фаза и најдобар учинок е четвртфинале. Ова е фудбалското
наследство”.