123
Весникот „Мередијан меч“ пишува дека во петок Јаневски ќе ги има завршните преговори со ЦСКА Софија и тогаш ќе се знае дали ќе го превземе тимот.
Јаневски би бил трет македонски тренер на ЦСКА Софија, претходно на клупата на бугарскиот клуб седеа Ѓоко Хаџиевски и Ѓоре Јовановски.
Македонскиот тренер во бугарија се сели по кратката авантура во Вардар која не траеше ниту една сезона, но ќе остане запаметен по тоа што е првиот стратег на „црвено-црните“ кој го водеше нашиот тим во групна фаза од едно големо европско натпреварување.