478
Калчото денеска
се прости од капитенот на Фиорентина, кој во неделата почина во сон на 31 годишна
возраст. На погребот во Фиренца сепак немаше ниту еден член на Милан бидејќи
„Росонерите“ вечерва играа со Арсенал во Лига Евроа.
По крајот на
натпреварот на Сан Сиро, Леонардо Бонучи беше запрашан за трагичната смрт на Давиде Астори,
а капитенот на Милан не можеше да ги контролира емоциите.
„Чао Давиде….
Не можев да се збогувам со тебе денеска. Ќе ни недостигаш” – рече дефанзивецот со солзи во
очите.
„Тој беше број 1
на многу начини, неговата смрт ме погоди многу. Беше одличен соиграч и одлична
личност. Никогаш нема да го заборавам”.