Чакир доби богата понуда од Кина

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат, се вели дека турскиот арбитар Чунејт Чакир
добил богата понуда од Кина да ја дели правдата во тамошниот фудбалски
шампионат.

Доколку ја
прифати понудата, Чакир ќе може да ја дели правдата на натпреварите во Кина
веднаш по Мундијалот во Русија кој се одржува идниот месец.

Ќе издвоиме и
дека англискиот судија Марк Клатенбург од минатата година е прв човек на
судиската организација на Саудиска Арабија, па така, доколку се остварат
најавите за Чакир, тоа не би било нешто ново еден од водечките судии од Европа
да се пресели на друг контитент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани