556
Одлуката на Мајкл
Оливер да покаже на белата точка во последните мигови од дуелот помеѓу Јувентус
и Реал Мадрид го подели фудбалскиот свет. Со свој коментар сега изглезе и
поранешниот голман на „Старата Дама“, Стефано Такони.
Тој не само што
го критикуваше судијата, истакна и дека Џиџи Буфон требал да реагира пожестоко па дури
и да го удри Англичанецот.
„Кога веќе знам
дека одам во пензија, ќе го удрев во лице и ќе му го пукнев носот” – вели Стефано Такони. „Тоа ќе беше
голем крај на една прекрасна кариера”.
„Не можете да
досудите ваков пенал во 95. минута. Психолошки сите се под голем притисок, на
теренот е тензично и не можете да свирнете ваков пенал”.