112
Фановите на Јувентус го исвиркуваа Бонучи, тој потоа даде гол и убаво се израдува на погодокот, но на крајот домашните фанови се смееја последни.
Среќен е и Џиџи Буфон кој се пошегува за голот на Бонучи и им замери на фановите за свирежите кон нивниот поранешен соиграч.
„Очекувано беше свирежите да го налутат Лео, тоа е дел од фудбалот и е прифатено како нормално во денешно време. Тој одигра добро при постигнувањето на голот, мислам дека само сакаше сите четворица од старото БББК во ист момент да бидат во петте метри“, се пошегува Буфон.
„Лео нема што да докажува тука и доколку свирежите имаат некакво влијание, тоа е да го кренат него“.