Буфон му понуди извинување на Оливер за реакцијата по одлуката за пенал за Реал Мадрид

by
1 минути читање

Џанлуиџи Буфон по
цели 17 години минати во дресот на Јувентус денес објави дека се повлекува од
италијанскиот првак, но, освен за тоа, говореше и за други теми на
пресконференцијата за медиумите и јавноста.

Легендарниот
италијански голман бурно реагираше на одлуката на англискиот арбитар Мајкл Оливер
да му додели пенал на Реал Мадрид во финишот од реванш пресметката во четвртфиналето
од Лигата на шампионите, каде Роналдо погоди за пораз од 1-3, но и место во
полуфиналето, откако во Торино славеше со 0-3.

Буфон призна дека
претерал со својата реакција, вели дека тоа било специјална ситуација за него,
нему му остана неостварена желбата да го подигне трофејот во најсилното
европско клупско натпреварување низ целата своја кариера.

Очигледно е дека
претерав и се извинувам за тоа, таа беше една специјална ситуација, не можев да
сторам ништо друго освен да ги кажам тие зборови, во моментов чувствувам
потреба да му понудам извинување на судијата
“ рече Буфон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани