96
„Кога ме прашуваат каков ќе биде мојот последен натпревар, им велам не знам за тоа. Можеби ќе завршам како Зидан, ќе му удрам глава на некој…“, изјави Буфон пред една година.
Буфон не удри глава на никој, но малку фалеше и тоа да се случи. По досудениот пенал голманот на Јуве збесна, малку го допре судијата Мајкл Оливер и имаше жестока вербална реакција по која доби црвен картон.
Џиџи никогаш не бил ваков, ова беше негов прв црвен картон во Лигата на шампионите во која има одиграно 117 натпревари.
Веројатно Буфон ја игра својата последна сезона во кариерата иако се уште официјално не го потврдил тоа. Се ќе биде појасно за некој месец.