Џанлуиџи Буфон ја
завршува својата богата фудбалска кариера, објави „Кориере дела Сера“
повикувајќи се на извори блиски до голманот на Јувентус.
Наводно 40 годишниот
голман не сака да им одзима место на помладите голмани, како во клубот, така и
во репрезентацијата на Италија, иако привремениот селектор на таа земја Луиџи
Ди Бјаџо го планира и за во иднина, бидејќи смета дека тој заслужува подобро повлекување
од националниот тим од шокантниот пораз од Шведска во баражот за Мундијалот во
Русија претстојното лето.
Се чини дека оваа сезона
за Буфон ќе биде последна прилика во неговата кариера конечно со Јувентус да го
подигне пехарот во Лигата на шампионите, откако трите претходни обида пропаднаа
во финалните натпревари од елитното европско клупско натпреварување.