Буфон демантира дека делел „воспитни лекции“ во соблекувалната по поразот од Наполи

by
1 минути читање

Калчомеркато
утринава напиша дека легендарниот голман на италијанскиот првак и европски
вицешампион Јувентус, Џанлуиџи Буфон го истурил својот бес во соблекувалната по
поразот од Наполи викендов.

Посебна мета на
Буфон наводно биле двајца фудбалери, меѓу кои Бенатија и Дибала, посебно
дефанзивецот кој сезонава на два меча речиси „уништи“ многу амбиции на тимот од
Торино, особено во реваншот против Реал Мадрид каде направи прекршок за
најстрога казна во самиот финиш, по што шпанскиот гигант продолжи во полуфиналето
од Лигата на шампионите.

Буфон
демантираше, вели дека во неговиот период како капитен на клубот никогаш ниту
еден фудбалер не вперил прст кон свој соиграч во тимот.

Никој, во
периодот на моите 17 години во клубот, земал право да впери прст кон свој
соиграч и да го обвинува за пораз, ова не се случило, и нема да се случи додека
јас сум капитен на тимот. Би сакал да додадам дека Меди е премногу почитувана
особа, тој е прекрасна особа
“ рече Буфон.

Со поразот пред
своја публика од Наполи, Јувентус си ја загрозува одбраната на титулата во
Италија и сега е на само еден бод пред својот ривал на четири кола до крајот.
Интересно е тоа што Јувентус го очекуваат дуели со Милан и Рома, а Наполи пак
ќе ги одмери силите со Фиорентина и Торино, двата меча кои се за издвојување,
останатите противници се Сампдорија и Кротоне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани