820
Шкендија Арачиново продолжува да го гради тимот за дебитантскиот настап во Првата македонска фудбалска лига, а клубот обезбеди уште едно засилување.
Нов член на црвено-црните е 26-годишниот Верли Капанема Фереира. Станува збор за лев бек кој во Македонија пристигнува од Бразил, каде последно настапувал за нисколигашот Мадуреира.
Фереира досегашната кариера главно ја помина во пониските бразилски лиги, а има и интернационално искуство од Белизе, каде го носеше дресот на тимот Белмопан.
Бразилецот сега ќе се обиде да помогне Шкендија Арачиново што подобро да се претстави во најсилното македонско фудбалско друштво.