1,6K
Бразил ќе биде еден од главните фаворити за трофејот на Светското првенство во Русија, силата ја покажа и денеска против домаќинот во меч кој се играше во Москва.
Бразилците беа значително подобар противник, на првиот гол се чекаше до 53. минута кога Миранда налета на една одбиена топка и ја смести во мрежата на Акинфеев за водство од 1-0.
Девет минути подоцна Кутињо погоди од пенал за водство од 2-0, а во 66. минута Паулињо само се поклони и реализираше со глава по еден убав центаршут на Вилијан.