Јувентус вчера се
радуваше на нова титула во Италија а историското седмо Скудето во низа, братот
на Гонзало Игуаин го прослави со полемична порака на социјалните мрежи.
„Кој последен се
смее, најслатко се смее. Ова Скудето е демонстрација како работи сериозен клуб
со силна структура. Честитки до Јувентус, честитки до Гонзало за уште една
титула во твојата прекрасна кариера. Те чека долг пат. Молчи и работи” – напиша братот на Аргентинецот на
Твитер.
„Наполитанците“
веднаш одговорија на неговиот пост, некои возвратија со навреди, а други пак
посочија дека во Италија победуваат благодарејќи на судиите и без помош на
арбитрите се немоќни во Европа па затоа се уште сонуваат за титула во Лигата на
шампионите.
El que ríe ultimo siempre ríe mejor. Este Scudetto demuestra el trabajo de un Club, de una estructura, de una sociedad seria. Felicitaciones @juventusfc felicitaciones G_Higuain por otro título en tu magnífica carrera. Aún queda mucho por recorrer. Silencio y trabajo
— nicola higuain (@NicolaHiguain) May 14, 2018