Братот на Араухо удри по селекторот Биелса: Ви благодарам што ги повредувате фудбалерите! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Уругвајскиот репрезентативец Роналд Араухо се соочува со проблеми непосредно пред стартот на Светското првенство, откако заработи повреда поради која мораше да замине на лекување во Шпанија.

Дефанзивецот потврди дека повредата не е сериозна, но сепак ќе го оддалечи од терените на одреден период, што значи дека ќе пропушти дел од натпреварите на мундијалскиот турнир.

„Имам мала повреда и отпатував во Шпанија за третман кај докторот во кого имам целосна доверба. Процедурата треба брзо да заврши, но засега не можам да кажам кога точно ќе бидам подготвен за настап“, изјави Араухо.

Во меѓувреме, неговиот брат јавно го критикуваше селекторот Марсело Биелса преку социјалните мрежи, обвинувајќи го дека со напорните тренинзи придонел за повредата на фудбалерот.

„Благодарам што ги повредувате играчите само неколку дена пред почетокот на Светското првенство“, напиша тој во својата објава.

Уругвај на Светското првенство ќе се натпреварува во група со Саудиска Арабија, Зеленортски Острови и Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×