Бове е подготвен за враќање на теренот, но тоа не може да биде во Италија!

by riste
1 минути читање

Италијанскиот фудбалер од средниот ред, Едоардо Бове сака да му се врати на професионалниот фудбал по срцевиот удар кој го доживеа минатата година.

Бове е играч на Рома кој беше на позајмица во Фиорентина кога на среде терен доживеа срцев удар. Инцидентот се случи на 1 декември 2024 година.

23-годишниот фудбалер е целосно опоравен, успешно ги поминал сите неопходни медицинските тестови и сака да ја продолжи професионалната кариера.

Но, тоа нема да биде во Серија А бидејќи во Италија не е дозволено да се игра со дефибрилатор кој Бове мора да го носи.

Иста беше ситуацијата и со Ериксен кој мораше да го напушти Интер по срцевиот удар кој го доби на Европското првенство.

Засега нема гласини која би била можната дестинација за Бове.

Фото: X/Fiorentina

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×