Борусија Дортмунд притиска за Батшуаи, Челси ја одреди цената

by
1 минути читање

Борусија Дортмунд
има сериозни намери во однос на тоа да се здобие со потписот на Мичу Батшуаи,
белгискиот напаѓач кој настапува како позајмен од редовите на Челси.

Белгиецот самиот
потврди дека веќе го одиграл последниот меч во дресот на бундеслигашот за време
на неговата позајмица откако се здоби со повреда на лигаментите.

Батшуаи се
приклучи на Борусија Дортмунд откако во Челси не добиваше адекватна прилика за
докажување, а во дресот на германскиот тим забележа импресивни настапи, по што
опцијата да остане стана веројатна, постигнувајќи пет погодоци на 14 натпревари
во сите конкуренции.

Борусија веќе
изрази желба да го откупи неговиот договор, но Челси бара над 50 милиони фунти
за да се реализира тој трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани