74
На социјалните медиуми се појави фотографија од Бонучи на вечера со неговите поранешни соиграчи од Јувентус, Маркизио, Барзаљи и Киелини.
Фановите на Милан се разочарани откако го видоа својот фудбалер како слави Божиќ со поранешните соиграчи.
Фотографијата дополнително ги боли навивачите бидејќи доаѓа по дебаклот од Верона каде Милан загуби со 3-0, а уште повеќе што Бонучи е капитен на тимот.
Според сопственикот на ресторанот, фудбалерите вечерале во неделата навечер и пиеле во чест на празниците.
Единствен позитивен момент е фактот што Милан во понеделникот донесе одлука со која ја забрани божиќната вечера и ги собра играчите во карантин, па Бонучи практично не прекрши ниту едно клупско правило.