Бонучи: Не планирав да славам, но…

by
1 минути читање

Најчесто играчите кога ќе постигнат гол против нивниот поранешен клуб не слават, но тоа не беше случај со Леонардо Бонучи кој убаво го прослави погодокот против Јувентус.

Дефанзивецот вели дека не планирал да слави ако даде гол, но свирежите на фановите го предомислиле.

„Ова беше емотивен меч за мене, и тоа е јасно. Мислам дека приемот од навивачите беше 50-50, некои преферираа да ми свират и го почитувам тоа, но мислам дека му дадов многу на Јуве и во тие седум години играв повеќе од било кој“, изјави Бонучи по натпреварот.

„Не сум навреден од фановите, тие имаат право да прават што сакаат. Ова беше интензивен и емотивен натпревар. Не планирав да прославувам ако дадам гол, но свирежите ме предомислија“.

„Во тимот на Милан имаме многу млади момци на кои им се потребни ноќи како оваа. Се разбира доколку Хакан Чалханоглу наместо пречката погодеше во голот, сега ќе зборувавме за друг натпревар“.

„Милан создаде микс од млади и не толку млади фудбалери, но за да направиме чекор понапред потребни ни се врвни фудбалери кои ќе го кренат квалитетот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани