„Бомба“ во регионот: Славниот Рикардињо ќе игра во Србија?!

by Стефан
1 минути читање

Еден од најдобрите футсал играчи во историјата, легендарниот Рикардињо би можел да заигра во соседството пренесува „Мердијан спорт“.

Имено, 39-годишниот Португалецот наводно води преговори со екипата на КМФ Смедерево и тие како што се наведува оделе во позитивна насока.

Рикардињо по заминувањето од италијанскиот Еко Сити стана слободен играч, но останува да се види дали раководството на Смедерово ќе успее да постигне договор за негов ангажман.

Во шампионатот на Србија, Смедерево во овој момент е на четвртото место на табелата и пред него се Бањица, Лозница и Винтер спорт од Ниш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани