Синоќа Усеин Болт беше дел од тренингот на Борусија Дортмунд, работеше со играчите кои немаа репрезентативни обврски.
31-годишниот Јамајканец кој е голем фан на Манчестер јунајтед, е и добар фудбалер. Но не доволно добар за да стане професионалец и да игра на највисоко ниво.
Тренерот на Борусија Дортмунд, Петер Штогер му рече на Усеин Болт дека му треба уште многу за да биде професионален фудбалер.
„Физиката која тој ја има е за друг спорт, таа е комплетно различна од тоа што е потебно за фудбал, но навистина ни беше забавно со него. Беше задоволство што го запознавме и работевме со него“, вели тренерот на Борусија Дортмунд, Петер Штогер.
„Талентиран е, но ако сака да игра на високо ниво јасно е дека му е потребно многу работа“.