На овој „боксинг деј“ во Англија ќе се одиграат осум натпревари од 20. коло во Премиерлигата, практично се означува и почетокот на вториот дел од сезоната.
Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед ќе треба да го поправат впечатокот од последните средби на кои доживеаа шок во судиското продолжение.
Актуелниот шампион Челси не би требало да има тешка задача против Брајтон, Тотенхем треба да ја потврди добрата форма против Саутемптон, а Ливерпул не смее да си дозволи кикс против последниот Свонси.
Фаворитите играат на домашен терен и навидум имаат лесни задачи, но мотивацијата на овој ден е голема кај сите екипи, па нема да биде чудно доколку се случат изненадувања.
Манчестер Сити кој со одличните игри и големите резултати ја „уби“ интересноста на Премиерлигата оваа сезона, утре му гостува на Њукасл, а колото се затвора во четврток кога Кристал Палас ќе го пречека Арсенал.
Денеска играат: Тотенхем – Саутемптон, Борнмут – Вест Хем, Челси – Брајтон, Хадерсфилд – Стоук, Манчестер јунајтед – Барнли, Ватфорд – Лестер, ВБА – Евертон, Ливерпул – Свонси.