Репрезентативецот
на Гана има голем талент но проблематичното однесување придонесе тој само на
моменти да покаже што знае и умее.
Во разговор со
Гардијан, Кевин Принц Боатенг открива како милионите кои се вртат во фудбалот
може лесно да го уништат животот на фудбалерите.
Тој во 2007 како
голема надеж пристигнува во Тотенхем во трансфер врден за тогаш пристојни 5,4
милиони фунти, но никогаш не блесна во дресот на „Спарси“ а причините се лудите
забави, алкохолот и лошата исхрана.
„Секоја вечер бев
излезен, се забавував до 6 сабајле” – открива Боатенг. „Имав 95 килограми, бев подуен од многу алкохол и нездрава
храна”.
„Еден ден си
реков: „Ова не можам да бидам јас, не сакам да бидам ова момче. Јас сум
фудбалер“. Им се јавив на двајца пријатели, двајца вистински пријатели, и тие
веднаш дојдоа”.
„Заедно го
исчистивме фрижидерот и куќата. Тој ден си реков: „Доста е“. Престанав да
пијам и да излегувам. Започнав да готвам и да јадам здрава храна”.
Запрашан како се
нашол на овој пат, Боатенг одговара: „Мартин Јол по еден месец ми кажа дека не
ме сака. Па беше јас против светот. Си помислив, „Не ме сакаш? Тогаш ќе уживам
во животот“. Сега сфаќам колку лошо сум постапил”.
„Шест дена во
неделата одев во дискотеки и се пијанчев, а тоа траеше речиси една година. Тогаш имав само 20
години. Не мислиш дека си на лош пат. Гледаш како пристигнуваат парите и си
велиш: „Во ред, на друго место ќе најдам забава“. Девојки, ноќни клубови,
пријатели… Лажни пријатели”.