131
Ливерпул со убедливи 5-0 го прегази Порто во Португалија и уште во првиот меч го реши прашањето за патникот во четвртфиналето.
Ниту најголемите оптимисти навивачи на црвените не очекуваа ваков резултат, но тимот на Јирген Клоп се враќа со недостижна предност.
Играч на натпреварот беше Мане кој реализираше хет-трик, тој го отвори резултатот во 25. минута и стави крај на серијата погодоци во финишот од мечот. Останатите два гола беа дело на Салах и Фирмино.
Лошата одбрана на Порто беше главниот виновник за овој огромен пораз по кој португалскиот тим може да се фокусира на борбата за титулата во домашното првенство.