Блесна играчот кој не добиваше шанса од Мурињо

by
1 минути читање

Лук Шо беше прогласен за играч на натпреварот против ЦСКА Москва, бекот имаше фантастичен меч, даде се од себе, а во последните моменти од умор се пожали и на грч во ногата.

„Многу позитивни перформанси од Шо, посебно во офанзивниот дел. Креираше многу, имаше голем интензитет во натпреварот. Не е изненадување што во финишот ги почувствува консеквенците од тој интензитет. Нормално е бидејќи ова беше прв меч за него сезонава, но ќе добие повеќе“, изјави Мурињо после мечот.

„Тој чекаше долго и ја заслужи шансата. Не е лесно да му дадете шанса на важен натпревар на играч кој со месеци не играл. Задоволен сум од неговите перформанси во текот на целиот меч“.

Во изборот за играч на натпреварот Лук Шо имаше дури 81% од гласовите, 10% му припаднаа на Мата, 9% на Рашфорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани