БЛАМАЖА: Ерменија не спушти на земја, Димитриевски „кумуваше“ на големиот пораз во Ереван (ВИДЕО)

by
2 минути читање

По трите победи
во серија уште на стартот од новото натпреварување Лига на нации, делуваше дека
вечерва избраниците на Игор Ангеловски уклучат нова брзина и ќе тргнат уште
поубедливо, но, ништо од тоа.

Сумирано, нашите фудбалери одиграа доста лош натпревар, немаа идеја како против мотивираните Ерменци кои сакаа да го поправат впечатокот од шокантниот пораз од Гибралтар на домашен терен, па решија да тргнат на се или ништо против нашата селекција.

Македонија загуби
убедливо на гостувањето кај Ерменија со 4-0, а по првите 45 минути игра
резултатот гласеше 1-0 за домаќинот, во меч во рамките на четвртото коло од
групата „4“ во Лигата „Д“.

Многу е тешко да
се дојде до одговорот што точно се случи со нашиот голман Столе Димитриевски
кој им „кумуваше“ на сите три гола на Ерменците, а нема да ги изоставиме и
неколкуте грешки на шведскиот арбитар Стромбергсон, кој најпрво не досуди
прекршок врз Ристовски во првиот гол, а имаше и пенал врз Барди кој исто така
не беше досуден.

Во самата
завршница од средбата исклучен беше Елмас кој во игра на мечот влезе во второто
полувреме откако на работ од казнениот простор пред нашиот гол направи
прекшрок, кој подоцна донесе и гол од слободен удар за конечни 4-0 од овој меч.

На две кола до
крајот на оваа фаза, Македонија останува лидер во својата група со 9 бода, три
повеќе од Ерменија, односно по шест бода предност во однос на Лихтенштајн и
Гибралтар кои имаат меч помалку.

Следен предизвик
за нашите сениори е гостувањето кај Лихтенштајн во петтото коло предвидено на
16 ноември, за оваа фаза да се комплетира со дуелот против Гибралтар три дена
подоцна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани