Пристигна
моментот за последно збогум до Давиде Астори. Денеска во 10 часот започна
погребот на дефанзивецот, кој во неделата почина во сон на 31 годишна возраст.
Фановите уште
рано утрово почнаа да се собираат на плоштадот пред Базиликата Санта Кроче за
да искажат почит кон својот миленик. Кога пристигна ковчегот, следуваше долг
апллауз и скандирање „Благодариме капитену“.
Целото Калчо е во
Фиренца. Први кои влегоа во Базиликата Санта Кроче беа играчите и директорите
на Фиорентина. Потоа пристигна делагацијата на Интер предводена од Хавиер
Занети, како и поранешните соиграчи на Давиде Астори, Валеро и Весино.
Експедицијата на Јувентус по вчерашниот триумф над Тотенхем од Лондон отпатува
директно за Фиренца. Пристигна и министерот за Спорт на Италија, Лука Лоти,
претседателот на Олимпискиот комитет, Џовани Малаго, првиот човек на ФФИ, Роберто
Фабричини неговиот заменик Алесандро Костакурта како и поранешниот селектор на „Аѕурите“,
Џанпјеро Вентура.
Пристигнаа и
неколку политичари како поранешниот премиер Матео Ренци, градоналачникот на
Фиренца Дарио Нардела и првиот човек на Регионалниот совет на Тоскана, Еугенио
Џани.