Бизнис лига: Во отворен фудбал Кромберг & Шуберт славеше во дуелот со Аџибадем Систина

by riste
5 минути читање

Кромберг & Шуберт 16-7(6-4) Аџибадем Систина

Кромберг & Шуберт: Тони Вељановски 1” 40” 40”, Иве Трифуновски 12” 24” 26” 27” 39”, Никола Симоновски 15” 32”, Игор Момировски 13” 16” 34”, Ице Марковски 18”, Александар Крстевски 27” 29”

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 8” 22” 31” 33” , Даниел Боневски 19”, Игор Ѓорѓиевски 21”, Бошковски Златко 26”

Екипите на Кромберг & Шуберт и Аџибадем Систина одлично го започнаа натпреварот. И двете екипи максимално мотивирано со целосен акцент на играта во нападот влегоа во натпреварот. Екипата на Кромберг & Шуберт успеа да ја изненади Аџибадем Систина во првата минута преку Вељановски со што дојдоа до водство од 1-0. Екипата на Аџибадем Систина по неколку минути успеа да ги консолидира своите редови па со притисок во предно поле во реализација на Димковски 8” успеа да го израмни резултатот, по што следеше офанзива на Кромберг & Шуберт во која со 5 гола во низа успеа да дојде до убедливо водство од 6-1. Во самиот крај на првото полувреме екипата на Аџибадем Систина преку Боневски успеа да намали на 6-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во отворен фудбал. И на двете страни се играше офанзивно со многу отворени шанси за гол. Екипата на Кромберг & Шуберт во ваквата игра имаше подобра реализација од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на Аџибадем Систина се обидуваше да ја анулира предноста која ја стекна Кромберг & Шуберт но не успеа во тоа па на крајот од овој натпревар Кромберг & Шуберт славеше со 17-6.

Во натрпевар полн со пресврти Атлантик Груп ја совлада Нетцетера

Атлантик Груп 6-4(2-1) Нетцетера

Атлантик Груп: Мирослав Тодоровски 9”, Далибор Тасевски 11” 32” 33” 39”, Љупчо Павковиќ 40”

Нетцетера: Кирил Костов 18”, Филип Савевски 28”, Евгениј Костадинов 29”, Теодор Димитриевски 31”

Екипите на Атлантик Груп и Нетцетера на самиот старт играа крајно израмнет натпревар. На двете страни се играше максимално борбено во одбраната со добро организиран напад. Овој натпревар со гол го отвори екипата на Атлантик Груп. Голманот-играч Тодоровски успеа да го надмудри противничкиот голман и со рака од гол на гол да постигне евро-гол. Во понатамошниот дел од натпреварот Тасевски во 11” успеа да му донесе предност на Атлантик Груп од 0-2. По неколку минути игра екипата на Нетцетера со притисок во предно поле успеа да направи играч плус со што преку Костов 18” постигна гол и ја намали резултатската предност на Атлантик Груп на 2-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Нетцетера успеа да направи целосен пресврт и да премине во водство. Атлантик Груп во тие моменти потпирајќи се на своето искуство заигра одлучно во делот на нападот и успеа да се врати во натпреварот преземајќи ја иницијативата и водството. Во последните минути од овој натпревар при резултат од 5-4 за Атлантик Груп, екипата на Нетцетера се обиде со голман играч да израмни. Атлантик Груп искористи грешка во додавањето кое беше во предната линија на екипата на Нетцетера, па со гол стави точка на овој натпревар и издвојува победа со конечен резултат 6-4.

Тиквеш немаше сили за целосен пресврт во дуелот со Аптив.

Тиквеш 6-7(3-4) Аптив

Тиквеш: Дамјан Петревски 2” 7” 31”, Нино Рангеловиќ 20” 40”, Делчо Кировски 40”

Аптив: Љубиша Кузмановски 5” 6”, Марио Настевски 9”, Стефан Петрушевски 13” 26”, Мартин Андреевски 21” 28”

Екипата на Тиквеш одлично го отвори дуелот со Аптив поведувајќи уште во раната фаза од натпреварот преку Петревски 2”. Екипата на Аптив успеа да направи целосен пресврт и со два последувателни гола да поведе со 1-2. Во тие моменти екипата на Тиквеш беше присебна па успеа да го израмни резултатот на 2-2. Во понатамошниот дел од натпреварот и двете екипи продолжија во ист ритам и отворен фудбал. Во ваквата игра екипата на Аптив беше со подобра реализација со што успеа да стекне резултатска предност од 2-4. Во самиот финиш од првото полувреме екипата на Тиквеш успеа да намали на 3-4, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Аптив имаше одлична поставеност во делот нанападот со што доаѓаше до отворени шанси за гол. Ваквите шанси успеа да ги искористи па само на неколку минути од самиот крај на натпреварот имаше водство од 4-7. Во тие моменти Тиквеш заигра многу по одлучно и со колективна гира што вроди со плод. Во самиот финиш од натпреварот Тиквеш на само еден гол негатива, 6-7, но времето беше сојузник на Аптив кој го доби овој натпревар со истиот резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани