Билетите за мечот со Гибралтар пуштени во продажба

by
1 минути читање

Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација овој месец ги игра двата завршни натпревари
од групата „4“ од Лигата „Д“ во Лигата на нации.

Во моментов, со
три победи и еден пораз избраниците на Ангеловски се на првото место во својата
група, а претстои гостување кај Лихтенштајн овој петок, за веќе идниот
понеделник овој циклус натпревари да се заврши со мечот против Гибралтар на
домашен терен.

Од Фудбалската
федерација на Македонија веќе известија дека билетите за последниот меч на
нашата селекција во Лигата на нации се пуштени, истите се по цена од 100 и 150
денари, а ВИП влезниците се по цена од 1000 денари.

Мечот со
Гибралтар е предвиден да се одигра на „Националната Арена Филип Втори“ во
Скопје со почеток од 20 часот и 45 минути.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани