„Биг Сем“ знае што сака, Евертон се договори со Бешикташ за Тосун

by
1 минути читање

Пред само неколку дена
турската ТВ станица „НТВ Спорт“ извести дека Бешикташ и Евертон се договориле
околу напаѓачот Ченк Тосун.

Денес речиси сите
медиуми на Островот пренесуваат дека двата клуба си подале рака и Евертон за
турскиот напаѓач ќе издвои 25 милиони фунти, односно 28 милиони евра.

Преговорите траеа
неколку недели а Бешикташ конечно прифати да го продаде својот најдобар
фудбалер откако последната понуда на Премиерлигашот изнесуваше 20 милиони
фунти, плус додатни пет во рамки на бонуси. Претходната, која очигледно не беше
на задоволително ниво за шампионот на Турција изнесуваше 15 милиони евра.

Британски „Гардијан“
денес пренесе дека трансферот ќе се официјализира веднаш штом стартува
јануарскиот преоден рок, поточно на први јануари, а 26 годишниот напаѓач кој
игра во фантастична форма ќе потпише четири ипол годишен договор со тимот од
Ливерпул.

Претходно се шпекулираше
дека Тосун ќе има заработувачка од четири милиони евра по сезона во Евертон, а
до крајот на оваа сезона ќе добие половина од тоа, денес медиумите на Островот
не направија некоја промена на оваа тема, па се чини дека неговата плата ќе
биде онаа што беше претходно објавена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани