Шефот на
стручниот штаб на англискиот Чемпионшиплигаш Лидс, Марсело Биелса донираше дрес
од таа екипа, и тоа за добротворни цели во Чиле.
Како поранешен
селектор на таа јужно американска земја, која ја предводеше и на Мундијал,
Биелса голема солидарност за еден хуманитарен настан кој се одржува редовно од
1978. година па наваму.
Аргентинскиот медиум „Оле“ пренесе за овој убав гест на Биелса, а тоа што секако е
најинтересно во целата оваа ситуација, за македонските љубители на фудбалот, е
тоа што дресот кој Биелса го испрати за добротворни цели во Чиле, со свој потпис, е оној со број „10“, кој го носи нашиот репрезентативец од редовите на Лидс, Езгјан Алиоски.
REMATATON. Les dije en la tarde que quería mucho a Marcelo Bielsa. Mandó una camiseta del Leeds firmada por él. Mis respetos. @Teleton #TeletonChile #Teleton40Años #Teleton2018 https://t.co/LSGpRunsNl pic.twitter.com/aC4sAzADNU
— Jorge Gómez V. (@pelotazo) December 1, 2018
„Оле“ додава дека
дресот на аукција имал почетна цена од 50,000 чилеански песоси, а достигнал
350,000, односно, 450 евра.