Најдобриот агент за обложување во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се
одлучите што да одиграте.
Дижон – Лион:
Победа на гостите
Срамниот пораз на
Монако на гостувањето кај ПСЖ ја отвори вратата за драматична битка за втората
позиција на табелата, но Лион во моментов само е фокусиран на трката со Марсеј
за третата позиција, која исто така носи директно во Лигата на шамопионите.
Избраниците на Женесио вечерва патуваат во Дижон како трети благодарејќи на
подобра гол разлика во однос на ОМ (+36 спрема +27) и со четири бода
заостанување зад Монако. Лион е во одлична форма, има пет победи во серија а во
составот се врати и капитенот Фекир. Дижон пак има само една победа на
последните пет меча, но и само еден пораз. Домаќиите се сигурни на средината на
табелата, па без никаков притисок ќе влезат во овој меч и ќе се обидат да ги
поматат сметките на фаворитот. Првиот дуел оваа сезона заврши 3-3, а двете
пресметки од минатата сезона завршија со идентечни 4-2. Најпрво Дижон со овој
резултат славеше пред своите фанови, а потоа и Лион триумфираше со 4-2 дома. Домаќините
ја имаат втората најлоша одбрана во Франција, па Лион токму ова ќе се обиде да
го искористи вечерва и да стигне до три бода. За очекување е возбудлив и
офанзивен натпревар со многу погодоци во кој на крајот гостите ќе се радуваат
на победа.
Борусија
Менхенгладбах – Волфзбург: Победа или реми за домаќинот
Во натпревар на
кој на двата тима им требаат бодови, Борусија Менхенгладбах го пречекува
Волфзбург. Домаќините мора да победат доколку сакаат колку толку да си за ги
задржат шансите за настап во Европа следната сезона, додека пак гостите се во
битка за опстанок и им требаат бодови за избегнување на местото кое носи бараж.
Борусија Менхенгладбах влегува како благ фаворит поради домашниот терен, но „Ждребињата“
им се омилен „пациент“ на „Волците“. Волфзбург против ниту еден друг конкурент
од Бундеслигата нема толку победи колку над Борусија М. На првиот меѓусебен
дуел триумфираа со 3-0, што е нивната најголема победа оваа сезона. Волфзбург
исто така нема пораз на последните четири пресметки со ривалот од
Менхенгладбах, притоа забележа три победи. Но сега се во незавидна ситуација
поради се поголемиот број повреди во тимот и проблемите во одбраната, додека
пак „болницата“ во Борусија е се помала и тренерот Хекинг полека може да смета
на своите ѕвезди. „Ждребињата“ исто така во последно време играат во добра
форма на домашен терен, постигнаа 7 погодока на последните три меча, па се
очекува и вечерва да продолжат со оваа серија.
За да заштедите
време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на VIP
платформа за обложување.
Брага – Маритимо:
Победа на домаќините
На отварањето на
31. коло во првенството на Португалија, Брага го пречекув Маритимо. Домаќините
се во одлична форма, на последните десет меча имаат само еден пораз и дури осум
победи и се на добар пат да ја имаат најдобрата сезона во својата историја. Со
триумф над Маритимо ќе го изедначат достигнувањето од сезоната 2009/10 кога
освоија 71 бод. Брага исто така сонува за Лигата на шампионите и до крајот на
сезоната може да се замеша и во битката за второто место, но тренерот Абел
Фереира иако вели дека се амбициозни не сака да лета премногу во облаци и
инсистира најпрво да се освојат трите бода вечерва а потоа да се мисли на
следните предизвици. Поголеми се шансите тие да го стигнат Спортинг на третата
позиција, тимот на нашиот Стефан Ристовски има само +3. Гостите можеби се само
две позиции подолу од Брага, но имаат големо заостанување од 24 бода. Сепак и
тие си имаат свои математики и ќе се обидат да завршат како петти, па доколку
Спортинг го освои Купот, ќе им се отвори вратата за настап во Лига Европа.
Сепак, се чини дека оваа шанса ќе треба да ја бараат на следните натпревари
бидејќи Брага од првата минута ќе атакува на победа и се очекува домаќините без
многу проблеми да стигнат до трите бода.
Леганес –
Депортиво Ла Коруња: Победа или реми за гостите
За Депортиво секој
натпревар до крајот е како финале, тимот од Ла Коруња има многу за
надополнување а само уше пет кола до крајот. Кларенс Сидорф успеа да ги склопи
коцките во последниве неколку недели, па Депортиво сврза две победи, и освои
седум од можни девет бода. Пред нив сега е незгодно гостување кај Леганес,
противник кој е многу силен на домашен терен. На последните пет меча на Бутарке,
Леганес забележа дури три победи и само еден пораз. Доколку избраниците на
Гаритано слават вечерва, тие и математички ќе обезбедат опстанок и ќе ја
остварат целта која си ја зацртаа пред почетокот на сезоната. На првиот
меѓусебен дуел, Депортиво ги однесе трите бода со голот на Адриан. Ако сакаат
нова победа, гостите и сега ќе треба да се наслонат на напаѓачот, кој игра во одлична
форма во последно време. Адриан стрелаше два пати во победата над Атлетико, а
постигна и два гола во триумфот на Малага.
Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Најдобриот букмејкер агент ви го дава решението.