Дали барате место
за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Најдобриот букмејкер агент ви го дава решението.
Германија –
Шпанија: Помалку од 2,5 гола
Во дуел на двата
последни светки шампиони, Германија ја пречекува Шпанија во Дизелдорф во
натпревар кој треба да биде темелен испит за шансите на двете земји на СП 2018.
„Панцирте„ се први на ФИФА ранкигот, имаат серија од 21 натпревар без пораз, победија
на сите 10 натпревари од квалификациите и притоа постигна рекордни 43 гола. Шпанија
пак има серија од 16 натпревари без пораз откако Лупатеги седна на кормилото на
„Црвената фурија“. Двете селекции последен пат се сретнаа пред четири години,
во Виго, Германија славеше со 0-1 со доцниот гол на Тони Крос. Овој резултат всушност
гласеше на трите натпревари кои овие два противника ги одиграле во последната
декада, Шпанија триумфираше два пати а Геманија еднаш. Четири од последните пет
пријателски натпревари на Шпанија против топ репрезентации од Европа (Италија,
Франција, Белгија и два пати Англија) завршија со помалку од три погодоци. Исто
така, шест од последните седум пријателски натпревари на Германија завршија
со помалку од 2,5 гола, па за очекување е уште една ваква пресметка.
Франција –
Колумбија: Победа на домаќинот
„Триколорите“ важат
за еден од фаворитите за триумф во Русија и Дидие Дешам има пет пријателски
натпревари пред почетокот на мундијалот за да ги склопи правилно коцките. Прев
тест за Франција е репрезентацијата на Колумбја, која вечрва гостува на Стад
Франс. „Триколорите“ имаа одличен скор кога играат на домашен терен, имаат само
еден пораз на последните 20 натпревари. Од друга страна пак гостите само еднаш
се радуваа на последните шест натпревари и тоа на пријателскиот дуел со Кина,
па затоа избраниците на Пекерман се голем аутсајдер на овој дуел. Целта на Дешам за оовј меч е да се пробаат различни тактики и стратегии, и да се добие престава за
пресметката со Перу на СП 2018. Резултатот ќе биде во втор план но и покрај тоа
се очекува Франција да забележи победа. Пол Погба ќе биде изоставен од тимот,
но Дешам има доволно талент и квалитет, и пред се играчи желни за докажување
како Мбапе, Лемар и Дембеле кои сигурно ќе сакаат да импресионираат и да се наметнат
со добри изданија и погодоци.
За да
заштедите време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на VIP
платформа за обложување.
Русија – Бразил:
Победа на гостинот
Домаќинот Русија
и првиот фаворит за титулата Бразил ги започнуваат подготовките за Светското
првенство со меѓусебен дуел на Лужники Стадионто во Москва. „Кариоките“ ќе
имаат прилика од прва рака да се уверат во атмосферата која ќе ги чека летоска.
„Зборнајата“ нема победа на последните три меча, но избраниците на Черчесов
успеаја да се изборат за реми од 3-3 на пријателскиот натпревар со Шпанија. Бразил
пак покажа моќ во квалификациите во Јужна Америка каде лесно и убедливо го
осови првото место. За овој меч Тите нема да може да смета на својата прва
ѕвезда Нејмар, но стратегот има доволно талент и квалитет во офанзивата за да
го надополни отсуството на фудбалерот на ПСЖ. Русија ќе се обиде пред своите
фанови да приреди изненадувње и да пружи силни перформанси против фаворитот, но
за очекување е „Кариоките“ да го решат мечот во своја корист.
Португалија –
Египет: Двата тима постигнуваат гол
Актуелниот
европски шампион на мундијалот во Русија за противник во својата група ќе го
има Мароко, па Португалија сега ќе се подготвува со пресметка против Египат.
Седумкратниот шампион на Африка нема дуел со репрезентација од Европа од 2014,
па и ова ќе биде одличен тест за нив. Португалија влегува како фаворит, но
Египет ќе се обиде да го изненади противникот и да ја искористи слабата игра на
„Селесао“ на гостувањата, со оглед на тоа дека овој натпревар се игра на
неутрален терен во Цирих. Очите на јавноста ќе бидат вперени кон Кристијано
Ронало и Мохамед Салах. ЦР7 е во страшна голгетерска форма во 2018, додека пак
Мо цела сезона е на високо ниво и во моментов е најдобар стрелец во
Премиерлигата но и Европа. Нивното присуство во стартните тимови треба да
гарантира голови, па за очекување е двете мрежи да се тресат вечерва.
Бидете број 1 во
обложувачкиот свет и отворете обложувачка сметка со најдобриот Азиски брокер за обложување.