BET-IBC совети за обложување: Виган максимално се посветува на борбата за промоција

by
5 минути читање

Бидете број 1 во
обложувачкиот свет и отворете обложувачка сметка со најдобриот
Азиски брокер за обложување, кој и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што
да одиграте.

Бери – Виган:
Победа на гостите

Во 38. коло од
третата лига на Англија, Бери го пречекува Виган. Домаќините се на последното
место на табелата со заостанување од 10 бода зад позициите кои носат опстанок,
додека пак гостите се во горниот дел од табелата и се борат за промоција ранг
погоре. За овој меч Виган ќе биде без капитенот Сам Морси кој е на должност со
Египат но ќе може да смета на голгетерот Вил Григ кој го одби повикот на
Северна Ирска со цел да остане и да му помогне на својот тим. Популарните
„Латикс“ имаа сосема солиден настап во ФА Купот, каде го елиминираа големиот
Манчестер Сити, но беа елиминирани од Саутемптон во четвртфиналето, па сега ќе
можат да се фокусираат само на обврските од Лига Еден. Виган влегува како голем
фаворит, со триумф ќе се искачи на првото место и ова веројатно ќе биде
дополнителен мотив. Избраниците на Пол Кук ќе се надеваат дека одличната форма
на гостински терен ќе ја покажат и денеска, тие имаат осум победи на последните
десет средби надвор од сопствениот стадион. Од друга страна, Бери не може да се
пофали со некоја добра форма, пред своите фанови победиле само три пати во
последните десет мечеви.

Шведска – Чиле:
Победа или реми за домаќинот

На стартот од
подготовките за мундијалот во Русија, Шведска на „Френдс Арена“ го пречекува
шампионот на Јужна Америка, кој од дома ќе го гледа СП 2018. Чиле се посочуваат
како благ фаворит за овој меч, но статистиката и формата не е на негова страна.
Шведска обезбеди место на Светското првенство најмногу благодарејќи на
одличната игра на домашен терен каде освоија 16 од можни 18 бодови, ја совладаа
Франција и одиграа реми само со Холандија. Шведска пред своите фанови последен
пат загуби во 2016. Чиле пак не се пласираше на мундијалот поради лошите
изданија во гости. Популарните „Роха“ загубија на дури пет од последните шест
гостински меча во квалификациите. Чиле не импресинира како гостин ниту кога
игра пријателски натпревари, загуби на шест од последните седум мечеви како гостин.

BET-IBC исто така
ви нуди шанса да ставите
високи облози и на натпреварите од Македонската Прва Лига.

Бари – Бреша:
Помалку од 2,5 гола

Во 32. коло од
Серија Б, Бари на Сан Никола го пречекува стариот познаник Бреша во 83.
меѓусебен деул. Двата тима имаат различни цели до крајот на сезоната,
домаќините ќе атакуваат на промоција во Серија А, додека пак гостите ќе се
обидат да не испаднат во ранг подолу. Бари го изгуби чекорот со водечките екипи
откако на последните три натпревари одигра нерешно, па ќе се обиде со победа да
фати приклучок кон местата кои директно носат промоција. Бреша исто така се
мачеше на последните три меча, па сега е на само еден бод над зоната за ипаѓање.
Домаќините се фаворити но средбата воопшто нема да биде лесна, и првиот
меѓусебн дуел од оваа сезона тоа го покажува, тогаш Бреша славеше со 2-1. Но
формата на Бреша на гостувањата не е толку добра, проблем е особено
реализацијата, избраниците на Бошаља имаат постигнато само 11 погодоци што е
втор најлош учинок во првенството. Па за очекување е тврда натпревар без многу
погодоци.

Њу Ингланд –
Њујорк Сити: Победа или реми за домаќинот

Избраниците на
Патрик Виеира одлично ја започнаа сезоната со три победи од исто толку
натпревари. Во минатото коло триумфираа со 2-0 над Орландо, а претходно славеа
и на дуелот со Лос Анџелес Галакси. Но пред Њујорк Сити сега е голем предизвик
и пресметката со Њу Ингланд. „Жилет Стадионот“ е едно од најтешките гостувања
во МЛС пред се поради вештачката трева. „Граѓаните“ за овој меч имаат неколку
прашалници во составот, Давид Виља се мачи со ситна повреда, фудбалерите од
средниот ред Родни Валас и Александер Ринг се на должност со репрезентациите а
отсутен е и дефанзивецот Роналд Матарита. Кај домаќините, недостасува Немет,
кој е на должност со Унгарија. Од девете меѓусебни пресметки на овие два тима, Њу
Ингланд во четири наврати стигнал до победа, Њујорк Сити во три наврати, а два
меча завршиле без победник. Кога се во прашање мечевите на „Жилет Стадионот“,
Њу Инглад има три победи и едно реми, па домаќините очекуваат одново да
обезбедат позитивен резултат пред своите фанови.

Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Најдобриот букмејкер агент ви го дава решението.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани