Агентот за големи облози во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што
да одиграте.
Салернитана –
Палермо: Помалку од 2,5 погодока
Оваа недела на
програмата во Серија Б е последното коло во кое ќе бидат разрешени неколку
дилеми. Емполи од поодамна е нов шампион и се враќа во Серија А. Зад него
Фросиноне го окупира второто место на табелата кое исто така носи директен
пласман во елитата. Со победа над Фоџа, Фросиноне ќе ги реши сите дилеми. Може
да им одговара и реми но само во случај на киксови на Парма и Палермо. Што се
однесува до Палермо на нашите Илија Несторовски и Александар Трајковски, тие
имаат малку надеж за директна промоција и денеска има само една опција, а тоа е
победа и да чекаат останатите ривали да испуштат бодови (Фросиноне да загуби
дома од Фоча, и Парма да не победи кај Специја). Но и во сучај да не се случи
чудо, трите бода исто така се важни и за зачување на сегашната позиција на
табелата (доколки Парма и Фросиноне победат) бидејќи ќе им донесе предност во
плеј-офот за Серија А. За гостувањето кај Саларнитана, Несторовски останува
надвор од комбинација, а тренерот Стелоне нема да може да смета и на Белуши и
Роландо. Коронадо најверојатно ќе биде подготвен само за на клупата за резерви,
па се очекува Трајковски да го предводи нападот. Што се однесува до домаќините,
Салернитана од поодамна го обезбеди опстанокот и нема за што да игра, но
сигурно нема да се предаде и ќе се обиде да му ги помати сметките на
противникот. Првиот меѓусебен дуел оваа сезона завшри со победа на Палермо од
3-0, но тоа е единствен триумф за „Сицилијанците“ во седумте пресметки помеѓу
овие два тима. Салернитана на Стадио Ареки има две победи и едно реми. Што се
однесува до располжението на стрелците, на пет меча се треселе двете мрежи, а
на четири имало помалку од 2,5 погодока.
Хорсенс –
Бдондби: Победа на домаќините
Трката за
титулата во Данска одново е отворена откако Митјиланд минатата недела славеше
кај Брондби. Двата тима се изедначени на врвот на табелата со по 79 бода, но
Брондби е тој кој ја окупира позицијата број еден на табелата благодарејќи на
подобрата гол разлика. Па Брондби се уште има се во свои раце и со победа во
последните две кола ќе стане шампион. Прва пречка на патот до титулата е
Хорсенс, кој е последен на мини табелата во плеј-офот. Домаќините и покрај тоа
што немаат за што да играат, би можеле да имаат голем удел во трката бидејќи во
последното коло му гостуваат на Митјиланд, па со добар резултат против едниот
или другиот фаворит можат да го одлучат шампион. Гостувањата на „КАСА Арена“ по традиција се
тешки за Брондби, кој има само две победи во последните шест пресметки. Исто
така, Митјиланд прв го игра својот натпревар, па исходот од овој меч сигурно ќе
влијае психолошки врз избраниците на Цорнигер. Доколку Копенхаген слави, тие
сигурно ќе бидат малку поопуштени но доколку Митјиланд триумфира, Брондби ќе
биде под огромен притисок и ќе знае дека мора да стигне до трите бода. За овој
меч Брондби исто така ќе има и голема поддршка од фановите, на трибите се
очекуваат повеќе од 5.000 гостински навивачи. Првиот меч од оваа сезона заврши без
победник, но Брондби во минатото покажа дека знае да слави под притисок и во
2013 кога му требаа бодови за опстанок триумфираше на гостувањето кај Хорсенс
со 0-1.
Допрете го врвот
и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.
Ажаксио – Ле Авр:
Помалку од 2,5 погодока
Во доигрувањето
од втората лига на Франција, Ажаксио го пречекува Ле Авр. Победникот од овој
меч потоа ќе доби прилика за промоција и бараж дуел со 18-то пласираниот од Лиг
1. На Корзика владее лудило за овој дуел, билетите се продадоа за неколку часа а
беше прогласен и неработен ден. Ажаксио ја заврши сезоната како вториот
најдобар тим на домашен терен, со само три порази на „Франсоа Коти“. Ле Авр не
може да се пофали со некоја посебно добра форма на гостински терен, но избраниците
на Таншо неодамна го „треснаа“ шампионот Ремс на гости, а во моментов се
наоѓаат и во добра серија која вклучува шест победи без примен гол, а во оваа
низа има и триумф од 2-0 над Ажаксио. Домаќините пак сезоната ја завршија со
слаби партии и само една победа од последните пет меча. Сепак тие цела недела
одмараа по последното коло, додека пак Ле Авр веќе имаше еден меч проти Брес,
кој се покажа кобен за Амос Југа. Имено фудбалерите на Брес откако го примија
вториот гол во 88. минута направија тензија, фудбалерот на Ле Авр не остана
смирен и доби црвен картон. Што се однесува до меѓусебните пресметки, Ажаксио
пред своите фанови оваа сезона славеше со 1-0, но претходните две пресметки во
Корзика завршија без победник. Исто така, на последните пет меча нема многу
погодоци па со оглед на тоа дека влогот е голем, за очекување е и вечерва да не
паднат повеќе од 2,5 погодока.
Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Сингбет без неважечки со
BET-IBC.