BET-IBC совети за обложување: Старите ривали во нова битка, Конте против Мурињо за трофејот од ФА Купот

by
5 минути читање

Бидете број 1 во
обложувачкиот свет и ставете големи облози во Азија.

Челси – Манчестер
јунајтед: Помалку од 2,5 погодока

Во последниот
натпревар оваа сезона во Премиерлигата, Челси ќе се сретне со Манчестер
јунајтед на Вембли во финалето од ФА Купот. Старите ривали Антонио Конте и Жозе
Мурињо ќе се надмудруваат за еден од најпрестижните трофеи во англискиот
фудбал. „Ѓаволите“ ќе се обидат да го подигнат овој трофеј по рекорден 13. пат
со што ќе се изедначат со Арсенал, додека пак „Сините“ го бркаат осмиот трофеј
во својата историја. Антонио Конте нема особени проблеми при составувањето на
составот, додека пак Жозе Мурињо има прашалници околу фитнесот на Ромелу
Лукаку, кој е во трка со времето да биде подготвен. Напаѓачот нема настап од
29. април кога се повреди против Арсенал и напорно работи на својот фитнес во
Антверп. Во првиот натпревар помеѓу овие два ривали оваа сезона, Челси пред
своите фанови славеше со 1-0, додека пак на возвратната пресметка, Мачестер
јунајтед на Олд Трафорд триумфираше со 2-1. Со оглед на тоа дека се работи за
финале а и двајцата тренери својата игра ја базираат на цврста дефанзива, за
очекување е борбен и натпревар со малку погодоци. На последните десет пресметки
помеѓу Челси и Манчестер јунајтед на дури седум имало помалку од 2,5 погодока,
па за очекување е уште еден ваков исход.

Баерн Минхен –
Ајнтрахт Франкфурт: Победа на домаќинот

Пред „Баварците“
е петто финале во последните седум години и им се смешка нова двојна титула
откако без многу мака стигнаа до насловот шампион на Германија број 27.
Ајнтрахт Франкурт пак втора година по ред ќе настапи во Берлин во меч кој ќе
биде проштален за тренерот Нико Ковач, кој од следната сезона ќе седне токму на
кормилото на Баерн Минхен. За овој меч во составот на Баерн се враќа Мануел
Нојер, кој цела сезона ја прескокна поради повреда на стапалото. Јоаким Лев
сигурно сака голманот да добие минутажа пред Светското првенство, но за
очекување е Свен Улрајх да го задржи местото во старниот состав. Матс Хумелс се
опорави од ситната повреда и треба да го завземе местото во срцето на одбраната
покрај Никлас Силе. Давид Алаба и Арјен Робен го пропуштија последниот меч од
Бундеслигата поради повреди, но би требало да се фит а пресемтката на
Олимпискиот стадион во Берлин, исто како и Томас Милер кој изминативе денови се
мачеше со стомачен вирус. Баерн влегува како голем фаворит, не само поради
изданијата од оваа сезона туку и поради традицијата. На последните десет
пресметки, „Баварците“ забележаа дури осум победи. Ајнтрахт Франкфурот нема
дадено гол против Баерн на 10 од последните 12 меча, а за последен пат славеше
над гигантот од Минхен дури во 2010. Па ретко кој очекува Ајнтрахт Франкфурт
вечер да се радува, и многумина уште сега гледаат како Баерн го подигнува 19.
трофеј од Купот на Германија.

Бесплатната платформа за обложување ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници
и во помали лиги.

Виљареал – Реал Мадрид:
Повеќе од 2,5 погодока

Во последната
проба пред најголемиот натпревар оваа сезона и финалето од Лигата на шампионите
во Киев, Реал Мадрид вечерва гостува на Ел Мадригал кај секогаш незгодната
Виљареал. Зинедин Зидан за овој меч смета на речиси целиот тим, само голманот
Кејлор Навас доби одмор. Кристијано Роналдо би требало да го има својот прв
настап по две недели. ЦР7 заработи повреда на скочниот зглоб на „Ел Класико“, и
Зизу не сака Португалецот да настапи против Ливерпул без да одигра компетитивен
натпревар дваесетина дена. Роналдо против Виаљареал ќе треба да влезе во ритам.
Истото важи и за Карвахал, кој се врати по повредата заработена на првиот меч
со Баерн во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тренерот на гостите сепак ќе
направи одредени ротации, не само за да поштеди одредени играчи пред средбата
со Ливерпул, туку и за да не ги открие адудите за мечот во Киев особено за инволвираноста
на Герет Бејл и Иско. Што се однесува до Виљареал, гостите исто така немаат за
што да играат со оглед на тоа дека им е обезбеден настапот во Лига Европа, па
Хави Каљеха реши да им даде однор на Асенхо, Рукавина, Тригерос и Бака. На оваа
листа е и повредениот Сориано, па стартниот тим на домаќините ќе биде далеку од
најдобриот. Со оглед на тоа дека влогот е мал, за очекување е отворен натпревар
со многу погодоци.

Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани